fbpx

|

MIDSOMMER: ТРЕНД ЗА ОСВЕЖУВАЊЕ

Целта на MIDSOMMER трендот е да ви овозможи да ја фокусирате својата енергија на нешто друго освен технологијата, да бидете присутни и да живеете во моментот. Уживајте и опуштете се со мирисот на миризливата свеќа JENS и прекрасна вазна HARRY. Доволно е да ја декорирате ставајќи само една гранка и со тоа ќе постигнете едноставност и уникатност, што се и одлики на овој тренд.

Рачно изработените работи, добиваат се поголема популарност овој период. Тие ви овозможуваат повеќе да се фокусираате на работите кои ве прават среќни, на вашето секојдневно хоби и да заборавите на виртуелниот свет. Чиниите TORSTEN и LAUKE изгледаат како да се рачно изработени исто како и даската за сецкање и припреми KJELL.

Формите се едноставни и опуштени, неформални и забавни, со акцент на естетскиот изглед. Матните површини и топлите бои се честа појава во овој тренд. Најдете инспирација и освежете ја секоја просторија од вашиот дом.

Инспирација за боите од овој тренд доаѓа со комбинирање на стилот на 70-тите и периодот на скандинавското лето. Декоративната перница KUGLEASK и нејзината цветна форма не враќаат во поедноставните времиња и ни помагаат да се присетиме на старите денови.

Пастелните бои, жолтите и дивите зелени бои кои представуваат прекрасни додатоци и привлекуваат внимание се исто така важен дел од овој тренд. THERMAN корпите се најдобриот пример за тоа.

Пронајдете повеќе инспирација во новиот магазин: https://bit.ly/2x4Rfiz

Comments are closed.