fbpx

|

JYSK Point Retail Park — нова продавница на одлична локација!

После 11 години постоење на пазарот и веќе напишана успешна приказна, JYSK ја продолжи својата мисија и со отворањето на првата продавинца која е дизајнирана и уредена по сосема нов концепт — концепт кој веќе се применува во останатите земји во светот и покажува неверојатни резултати. Од Јули 2019 нашиот нов продажен салон има одлична локација која е достапна за сите, и за оние кои живеат во Скопје, но и за граѓаните од другите градови.

“The SC concept 3.0” како што е уште нарекуван, се разликува од основниот концепт на JYSK не само во однос на местоположбата на продавницата, туку и во однос на дизајнот. Самиот внатрешен простор и уредувањето го прават продажниот салон попријатен и полокален. Новиот концепт нуди едно неверојатно и поинакво “шопинг’’ искуство.

Наша цел е да им овозможиме на сите наши клиенти поголема слобода, поширок асортиман и избор, како и инспирација сами да го дизајнираат својот дом, и целиот ентериер воедно. Сите артикли се така поставени и изложени да ја разбудат креативноста кај секого. Купувачите може да се сретнат со безброј идеи и предлози, кои нашиот концепт менаџер внимателно се потрудил да ги прикаже.

Разликата помеѓу новиот и основниот концепт е всушност самото изложување на артиклите, нивната поставеност по категории, димензии, боја, материјали. Секој од производите е така поставен да биде лесен на дофат за секој од потрошувачите, да дава максимален број на информации и притоа да го истакнува просторот.

До Point Retail Park во општина Бутел може да се дојде пеш, со велосипед или автобус, како и со автомобил. Пристапот е многу лесен — со паркинг места веднаш до самиот објект за да им олесниме и на оние кои имаат подолга листа на желби за купување.

Овој концепт сме со план да го примениме и во останатите наши продажни салони во Skopje City Mall и Palma Mall — Тетово, бидејќи со тоа ќе сме поблиску до секој од нашите купувачи.

Comments are closed.