|

 category_1_2 

МЕБЕЛ ЗА СПЛАНА СОБА И ДОДАТОЦИ ЗА СПИЕЊЕ

Спалната соба е една од просториите каде удобноста има големо значење и која со избор на вистинскиот мебел и детаљи, се петвора во оаза на мирот. Кога размислувате да купите производи за вашата спална соба, една од првите работи на списокот е секако високо-квалитетен кревет, удобна и мека постелнина, која во комбинација на различни дезени и бои може да придонесе за целокупниот изглед на собата. Кога купувате кревет, важно е да купите и квалитетен душек кој ќе одговара на вашето тело, а како дополнителна декорација и освежување, јорганите и перниците од пријатни материјали се совршен избор што гарантираат добар сон.

                                                                     

Во нашата палета на спални соби можете да најдете постелнини, навлаки, прекривки, чаршафи, перници, јоргани и ќебиња кои ќе го разубават вашиот дом на посебен начин. Може да најдете и асортиман за бебиња и деца од квалитетни материјали. А за да биде полесен Вашиот избор, голем дел од нашите артикли за спална соба се поделени во категории: BASIC, PLUS, GOLD.
Душеците во JYSK се именуваат со DREAMZONE ® и WellPur. Кај нас ќе најдете голем избор на душеци со рамка, со спирали, направени од мемори и полиуретанска пена со различни квалитети и цени.

Во нашите продавници ќе најдете сетови од сплани соби кои можат да Ви послужат како инспирација и можност да видите како артиклите одговараат заедно. Дојдете и погледнете!

За сите дополнителни информации и цени, нашите стручни лица Ви стојат на располагање.