fbpx

|

jysk-flag-wide

JYSK ГРУПАЦИЈА

JYSK е меѓународен малопродажен ланец кој продава “сè за домa”.
JYSK е во сопственост на семејството кои стои зад групацијата Ларс Ларсен. Основачот, Ларс Ларсен, е познат низ цела Данска како водечки претприемач во земјата, кој секогаш има „одлична понуда“.

Во 1979 година, кога ја отвори својата прва продавница во Данска во вториот по големина дански град, Архус - каде што и денес се наоѓа - Ларсен имаше големи амбиции, но никогаш не замислуваше колку брзо ќе расте неговиот бизнис. Ларсен отвори неколку успешни продавници на JYSK Sengetøjslager (оригинално име на продавницата до 2001 година) на разни локации низ Данска, а во 1984 година ја отвори својата прва продавница надвор од земјата во соседна Германија.

Денес, групата JYSK има околу 2.800 продавници во следниве 52 земји низ светот: Данска, Норвешка, Шведска, Финска, Полска, Чешка, Словачка, Унгарија, Холандија, Германија, Австрија, Швајцарија, Франција, Гренланд, Фарски Острови, Исланд, Латвија, Литванија, Естонија, Украина, Бугарија, Казахстан, Канада, Романија, Велика Британија, Словенија, Северна Македонија, Хрватска, Италија, Шпанија, Босна и Херцеговина, Кина, Србија, Ерменија, Црна Гора, Грција, Албанија, Виетнам, Малта, Португалија, Грузија, Белорусија, Таџикистан, Молдавија, Белгија, Кувајт, Дубаи, Тајланд, Ирска, Кипар и Азербејџан.

Годишниот обрт изнесува 3,79 милијарди евра. Растот е стабилен и контролиран, со вкупно 24.000 вработени.

Зборот „JYSK“ отсекогаш бил намерно вклучен во името на компанијата. На Дански, „ЈYSK“ означува нешто, или - како што Ларс Ларсен го опишува - некој кој доаѓа од полуостровот Јутланд, и честопати се поврзува со скромност, темелност и искреност - три вредности со кои самиот Ларсен одсекогаш се идентификувал. JYSK се залага за сигурност, а договорот е секогаш договор.